УТРО.мк

Невреме го зафаќа поголем дел од Македонија – дожд, грмежи и ветер над 60 км/ч

Невреме го зафаќа поголем дел од Македонија – дожд, грмежи и ветер над 60 км/ч
Vero

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени со грмежи. Според метеоролошката прогноза, на повеќе места ќе има услови за нестабилност, со појава на пороен дожд, засилен ветер и ретка појава на град.

Особено внимание се препорачува поради засилениот северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.

Утринските температури ќе се движат од 9 до 15 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 20 до 27 степени Целзиусови. Најтопло ќе биде во југоисточните делови од земјата, каде температурата ќе достигне до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и посвежо. Претпладне се очекуваат повремени врнежи од дожд, а ќе дува и засилен северен ветер кој во одделни делови од котлината повремено ќе биде силен. Температурата во главниот град ќе се движи од околу 15 степени во утринските часови до максимални 24 степени во текот на денот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin