УТРО.мк

УЈП објави нова листа на должници

УЈП објави нова листа на должници
Vero

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата листа на должници, на која се наоѓаат вкупно 5.058 физички и правни лица со неплатени даноци и придонеси. Според податоците на УЈП, вкупниот нето-долг изнесува 12.723 милиони денари.

Од Управата информираат дека листата ги опфаќа долговите доспеани заклучно со 28 февруари 2026 година, кои не биле подмирени до 31 мај 2026 година.

Од претходно објавената Листа бр. 05/2026, повторно се појавуваат 4.922 должници. Од нив, кај 3.119 должници е забележано зголемување на долгот во вкупен износ од 280 милиони денари, додека 160 должници го намалиле својот долг за 143 милиони денари. Кај 1.643 должници износот на долгот останал непроменет.

На новата Листа бр. 06/2026 се најдоа и 136 нови должници, чии обврски достигнуваат вкупно 752 милиони денари. Од УЈП најавуваат дека во наредниот период ќе информираат и за мерките што ќе бидат преземени за наплата на овие побарувања.

Во меѓувреме, 96 должници кои беа опфатени во претходната листа, со вкупен долг од 105 милиони денари, повеќе не се наоѓаат на најновата објава.

УЈП соопшти дека на оваа листа се објавени и информации за преземените мерки за наплата кај 524 даночни должници, нагласувајќи дека ваквите податоци не претставуваат даночна тајна согласно Законот за даночна постапка и придонесуваат кон поголема транспарентност во работењето на институцијата.

Линк до листата на должници

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin