УТРО.мк

Министерот за здравство: Коцкањето претставува зависност, превенцијата е најдобра заштита

Министерот за здравство: Коцкањето претставува зависност, превенцијата е најдобра заштита
Vero

Министерот за здравство Азир Алиу во видео-обраќање порача дека коцкањето не треба да се третира само како форма на забава, туку како сериозен здравствен ризик кој може да прерасне во зависност со тешки последици за поединецот и семејството.

Тој изрази поддршка за Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, кој помина во прво читање во Собранието, нагласувајќи дека мерките за регулација се важен чекор во заштитата на младите.

„Не може да зборуваме за коцкањето како забава кога тоа станува навика и зависност. Тоа носи долгови, стрес и вознемирување во семејствата и се вгнездува во животот на младите уште пред да созреат“, истакна Алиу.

Според него, зависноста претставува здравствен ризик, а најефективниот начин за справување со неа е превенцијата.

Тој нагласи дека како министер за здравство има обврска да укажува на овие ризици и да ги поддржи законските решенија што ќе придонесат за ограничување на пристапот до кладилниците и коцкарниците во близина на училиштата, како и за намалување на рекламниот притисок врз младите.

„Ова е борба за менталното здравје, за семејствата и за иднината на децата. Време е да поставиме јасни граници“, порача Алиу.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin