УТРО.мк

Мицкоски од Истанбул: Македонија нуди стабилна и конкурентна средина за нови турски инвестиции

Мицкоски од Истанбул: Македонија нуди стабилна и конкурентна средина за нови турски инвестиции
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски од бизнис-форумот Северна Македонија – Турција во Истанбул порача дека постои сериозен интерес кај турските компании за инвестирање во Македонија и ги повика да станат дел од економскиот развој на земјата.

Тој истакна дека целта на посетата, на која присуствува заедно со владина и бизнис-делегација, е продлабочување на соработката меѓу македонските и турските компании и отворање нови можности за заеднички инвестиции.

„Постои навистина голем интерес кај турските бизнисмени за инвестиции во Македонија. Во текот на овие два дена ќе ги презентираме можностите на македонската економија и поддршката што Владата ја обезбедува за привлекување странски директни инвестиции“, изјави Мицкоски.

Во своето обраќање на форумот, премиерот нагласи дека Македонија и Турција имаат долгогодишни пријателски односи, кои претставуваат добра основа за натамошно зајакнување на економската соработка.

Тој посочи дека Македонија денес се позиционира како стабилна и конкурентна бизнис-дестинација, благодарение на својата стратешка географска положба, поволната инвестициска клима, модерните индустриски зони и пристапот до регионалните и европските пазари.

Според Мицкоски, турските компании преку инвестиции во Македонија добиваат можност да станат дел од европските синџири на снабдување и да го прошират своето присуство на пошироки пазари.

На форумот учествуваа и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, како и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, кои ја истакнаа важноста од унапредување на економската дипломатија и создавање поволна деловна клима за нови инвестиции.

Муцунски нагласи дека трговската размена меѓу двете земји минатата година достигнала една милијарда американски долари, оценувајќи дека постои простор за уште поинтензивна економска соработка.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin