УТРО.мк

Чувајте го трудот од цела година: правилното третирање го штити тутунот

Чувајте го трудот од цела година: правилното третирање го штити тутунот
Vero

За тутунарите, тутунот е инвестиција и приход за целата година. Затоа начинот на кој се третира има големо значење за квалитетот на производот и за текот на откупот.

СЕКЕ Прилеп препорачува употреба исклучиво на одобрени препарати: Chlomazone против плевели, Sivanto Prime против штетни инсекти и Rival против болести.

Пораката е јасна: неодобрените и непрепорачани препарати можат сериозно да го нарушат квалитетот на тутунот и да предизвикаат проблеми при откупот. Затоа тутунарите треба да ги почитуваат дозите и времето меѓу прскањето и бербата.
Безбедноста при работа е исто така важна. При третирање треба да се користат ракавици, маска и заштитна облека. Не треба да се јаде и пие за време на третманот, не треба да се прска при ветер, а по третманот тутунарите треба да се измијат.

Препаратите треба да се чуваат безбедно, во оригинална амбалажа, на суво место и надвор од дофат на деца. Опремата за прскање треба навремено да се сервисира и правилно да се одржува.

Агрономите и експертите од СЕКЕ Прилеп се достапни за консултации. Со правилно третирање, тутунарите го чуваат својот труд и работат по највисоки стандарди.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin