
Во Истанбул, во рамки на Бизнис форумот, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари средба со министерот за трговија на Република Турција Омер Болат, на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на билатералната соработка.
На средбата беа отворени теми поврзани со енергетиката, рударството, минералните суровини и привлекувањето нови инвестиции, со посебен акцент на создавање стабилен и транспарентен инвестициски амбиент.
Божиновска ги презентираше реформите што се спроведуваат во енергетскиот сектор, насочени кон забрзана енергетска транзиција, зголемување на учеството на обновливите извори и унапредување на сигурноста на снабдувањето.
Двете страни разговараа за конкретни можности за турски инвестиции во нови енергетски капацитети, како и за размена на технологии за одржлив развој.
Како што беше истакнато, Турција останува значаен партнер на Македонија, а соработката ќе продолжи преку конкретни иницијативи насочени кон зајакнување на економската поврзаност, енергетската сигурност и заедничкиот просперитет.

















