УТРО.мк

Возач удрил 16-годишник кој туркал електричен тротинет и избегал од местото на несреќата

Возач удрил 16-годишник кој туркал електричен тротинет и избегал од местото на несреќата
Vero

Шеснаесетгодишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од автомобил на улицата „Адем Демачи“ во Скопје.

Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера, а во 16:55 часот случајот бил пријавен во СВР Скопје.

Патничко возило удрило во малолетникот, кој во моментот туркал електричен тротинет, по што возачот со возилото го напуштил местото на несреќата.

Од ударот, 16-годишникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на возилото и возачот кој избегал.

Од МВР засега не соопштуваат дополнителни детали за марката и моделот на возилото.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin