
Лишени од слобода три лица во Скопје, барани со потерници за издржување затворски казни
Денеска (11.08.2026) во Скопје, на различни локации, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода М.Ч. (23), Ф.М.(68) и С.Г. (76), сите од Скопје, барани со потерници по наредби од Основен кривичен суд Скопје, за издржување на затворски казни. Лицата ќе бидат спроведени во надлежните казнено-поправни установи.

















