УТРО.мк

Славески и Димитриеска-Кочоска ќе ја предводат македонската делегација на Пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон

Славески и Димитриеска-Кочоска ќе ја предводат македонската делегација на Пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон
Vero

Делегација од Македонија, предводена од гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, учествува на пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка што се одржуваат во Вашингтон.

Во состав на тимот од Народната банка се и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами, кои заедно со државниот врв на финансискиот сектор ќе учествуваат во серија билатерални и тематски средби со највисоки претставници на меѓународните финансиски институции.

Фокусот на разговорите со ММФ ќе биде ставен на актуелните економски движења во земјата, политиките на централната банка и напорите за постепено стабилизирање на инфлацијата, како и на одржувањето на макроекономската стабилност во услови на глобални неизвесности. Делегацијата ќе има средби со заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли, директорот за Европа Алфред Камер, како и со извршниот директор Жероен Клик и неговиот заменик Марникс ван Рај.

Покрај тоа, ќе се одржат и работни состаноци со одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при ММФ, на кои ќе се разгледаат досегашните резултати од соработката и можностите за нејзино понатамошно унапредување. Посебен дел од агендата е и учеството на состанокот на земјите членки на Конституенцата, каде што ќе се отворат прашања поврзани со предизвиците што произлегуваат од актуелните глобални финансиски и геополитички поместувања.

Во рамки на програмата е предвидена и тркалезна маса посветена на развојот на системот за инстант плаќања ТИПС, кој се развива со поддршка на Европската централна банка, како дел од напорите за понатамошна дигитализација на финансиската инфраструктура.

Делегацијата ќе оствари и средби со претставници на Светската банка, меѓу кои и заменик-претседателката Антонела Басани и регионалната директорка за Западен Балкан Шјиаочјинг Ју.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран