УТРО.мк

Трамп тврди: Големи се шансите за постигнување договор со Иран до крајот на месецот

Трамп тврди: Големи се шансите за постигнување договор со Иран до крајот на месецот
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп, изрази оптимизам дека до крајот на месецот би можел да се постигне договор со Иран, кој би ставил крај на тековните тензии меѓу Техеран и Вашингтон. Тој оцени дека таков исход е „многу, многу можен“, нагласувајќи дека иранската позиција во моментов е значително ослабена.

Изјавата беше дадена во контекст на прашање дали евентуалниот договор би можел да се финализира пред најавената државна посета на британскиот крал Чарлс Трети на САД, закажана за 27 април.

Во меѓувреме, Иран и Соединетите Американски Држави неодамна одржаа повеќе рунди разговори во Исламабад, на 11 април, во обид да се најде излез од долготрајниот конфликт. Иранската страна ја предводеше претседателот на парламентот Мохамед Багер Калибаф, додека американската делегација беше предводена од потпретседателот Џеј Ди Венс.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран