
Македонската сообраќајна полиција, во рамки на Европската мрежа ROADPOL, од денеска е дел од големата меѓународна акција „Speed Marathon“ насочена кон контрола на брзината на возење. Во период од 24 часа, почнувајќи од полноќ, па сè до истото време утре, полициски екипи се распоредени низ целата држава со засилено присуство на патиштата.























