Цените на храната во Македонија се најниски во Европа, покажуваат најновите податоци на Евростат. Анализата открива значителни разлики во трошоците за храна меѓу европските земји и јасно укажува каде купувањето е најповолно, а каде најскапо.
Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
Храната претставува еден од најголемите трошоци за европските домаќинства. Во просек, во Европската Унија таа учествува со 11,9% од вкупната потрошувачка, додека во некои земји, како Романија, овој удел достигнува и до 20%. Споредбата е направена преку индекс на цени на Евростат, каде просекот на ЕУ е поставен на 100. Вредности над 100 значат поскапи, а под 100 поевтини цени од европскиот просек.
На врвот на листата со најскапи земји се наоѓа Швајцарија, со индекс од 161,1, што значи дека храната таму е за 61,1% поскапа од просекот на ЕУ. Следуваат Исланд со 146,3 и Норвешка со 130,6.
Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
Кога станува збор за земјите членки на ЕУ, Луксембург има највисоки цени на храната, за 25,7% над просекот, додека Романија е најевтина. Кај најголемите европски економии, Германија и Италија се малку над просекот, Франција е значително поскапа, а Шпанија е за 5,4% поевтина од просекот на Унијата.
Пониски цени на храната се карактеристични за Југоисточна Европа и земјите од Западен Балкан. Турција, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Бугарија се исто така значително под европскиот просек.
Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph
End Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph
Македонија се издвојува како најевтина земја за храна меѓу вкупно 36 анализирани европски земји. Стандардната потрошувачка кошничка изнесува 73 евра, што е за 27% пониско од просекот во Европската Унија.
Извор: Euronews



























