Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Делчево против С.С., поранешниот директор на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ – ПО Делчево, и против М.К., раководител на сектор во истото претпријатие, поради сомнение за кривично дело „Несовесно работење во службата“.
Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
Според пријавата, С.С., во периодот од 2019 до 2023 година, не постапил согласно своите овластувања и должности, пропуштајќи да иницира и даде налог за поднесување тужби за наплата на побарувања од физички и правни лица за користена вода, подигнат смет и закуп на простории. Како резултат, дел од побарувањата застареле и претпријатието не можело да ги наплати.
Второпријавениот М.К., раководител на секторите за општи, правни и финансиски работи, не воспоставил соодветен систем на интерна контрола и не доставувал редовни предлози за поведување постапки за присилна наплата до директорот.
Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
Со овие дејствија, според финансиската полиција, причинета е штета на буџетот на ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево во износ од 7.588.894 денари.



























