УТРО.мк

Словенија: Новиот претседател на парламентот најави референдум за излез од НАТО

Словенија: Новиот претседател на парламентот најави референдум за излез од НАТО
Vero

Новоизбраниот претседател на словенечкиот парламент, Зоран Стевановиќ, ја разбранува јавноста со драматична најава – Словенија би можела да оди на референдум за напуштање на НАТО. Во изјава за јавниот сервис, тој потенцираше дека ова ветување било дадено на граѓаните и дека ќе биде исполнето.

„Му ветивме на народот референдум за излез од НАТО – и ќе го одржиме“, порача Стевановиќ, нагласувајќи дека неговата политика не е наклонета кон ниту една странска сила. „Немам проруски ставови, туку прословенечки“, додаде тој, потенцирајќи дека државата треба да води независна и суверена политика.

Според него, Словенија треба да гради односи со сите големи сили, но без да стане зависна. Тој најави и јасен став против вмешување во меѓународни конфликти: „Словенија никогаш нема корист од странски воени и дипломатски спорови.“

Иако отвори фронт против НАТО, Стевановиќ призна дека излегувањето од Европската Унија е малку веројатно, поради економските и политичките придобивки. Сепак, неговата партија планира и иницијатива за напуштање на Светската здравствена организација.

Контроверзниот политичар најави и дипломатска офанзива, вклучително и можна посета на Москва: „Сакам да градам мостови меѓу Истокот и Западот“, рече тој.

Стевановиќ беше избран со поддршка од десничарските партии, вклучувајќи ја и Јанез Јанша и неговата политичка структура. Овој потег предизвика остри реакции од поранешната владејачка коалиција, која предупредува дека ова е вовед во формирање нова влада под влијание на Јанша.

Поранешен полицаец и претприемач, Стевановиќ е проследен со низа гласини за инциденти од минатото, кои тој категорично ги негира. Тој тврди дека живее исклучиво од политичка работа и нема скриени извори на финансирање.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран