
Жителите на Скопје утре (17 април 2026 година) ќе се соочат со планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, информираат од Електродистрибуција.
Во општина Карпош, без струја ќе останат корисниците од улиците 1506 и 1550 во населбата Момин Поток, како и објекти во нивна близина, во периодот од 08:30 до 15:00 часот.
Планирани прекини се најавени и во општина Сарај, каде од 09:30 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат делови од селото Кондово, како и селата Рашче, Копаница и Бојане, вклучително и каптажата Рашче.
Во централното градско подрачје, во општина Центар, прекин ќе има од 11:00 до 13:00 часот за дел од улицата „Рилски Конгрес“, како и за дел од улицата „Георги Скрижевски“, на потегот меѓу крстосниците со улиците „Христо Чернопеев“ и „Рилски Конгрес“.























