УТРО.мк

Гужви на граница со Грција: ЕЕЅ системот го забави преминот – нови контроли, подолги чекања

Гужви на граница со Грција: ЕЕЅ системот го забави преминот – нови контроли, подолги чекања
Vero

Зголемени гужви и долги задржувања се бележат на граничните премини кон Грција, откако Европската Унија го воведе новиот систем за влез и излез – ЕЕЅ (Entry/Exit System), кој од 10 април почна целосно да се применува.


Според информациите, најголемиот метеж се создава на грчката страна, особено во попладневните часови кога граѓаните се враќаат од продолжениот викенд. На граничниот премин „Дојран“ нема значителни задржувања од македонска страна, но протокот од грчка страна е значително забавен.


Причината за ваквата состојба е новиот дигитален систем кој го заменува досегашното рачно печатирање на пасошите. Со него, секој патник мора да помине низ електронска регистрација, што вклучува фотографирање, земање отпечатоци од прсти и автоматска проверка на дозволениот престој во Шенген зоната.


Овие процедури значително го продолжуваат времето на проверка, особено во периоди на зголемен сообраќај како празници и викенди. Дел од патниците сведочат дека токму новиот систем е главната причина за забавувањето, бидејќи обработката на податоците оди побавно од очекуваното.


ЕЕЅ системот има за цел да воведе построга контрола на влезот и излезот во Европската Унија, преку прецизно следење на престојот на странските државјани, особено правилото за максимум 90 дена во период од 180 дена.


Сепак, неговото воведување веќе создава практични проблеми на терен, со долги колони и нервоза кај патниците. Очекувањата се дека ваквите гужви ќе продолжат и во наредниот период, особено во екот на туристичката сезона.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран