
За оние кои планираат летување во 2026 година со ограничен буџет, делови од Грција и понатаму остануваат меѓу најпристапните опции за туристите од регионот.
На почетокот на Халкидики се издвојуваат места како Неа Каликратија, Неа Флогита и Неа Мудања, кои се популарни поради близината до границата и релативно пониските цени во споредба со други делови од полуостровот. Овие туристички места нудат уредени плажи, шеталишта и солидна инфраструктура за семејни одмори.
Во олимпискиот регион, Паралија, Неи Пори, Олимпик Бич, Лептокарија и Платамон остануваат меѓу најбараните дестинации за поекономично летување. Таму цените за сместување и угостителски услуги генерално се пониски отколку на грчките острови, што ги прави привлечни за поширок круг туристи.
И во пошироката солунска област, Ставрос, Аспровалта и Неа Врасна се препознаваат како поволни опции за одмор. Иако морето и плажите се поразлични во споредба со островските дестинации, ниските трошоци и долгите песочни брегови привлекуваат голем број посетители.
На островот Тасос, иако е популарна туристичка дестинација, можат да се најдат и поевтини сместувања во помалку развиени места како Скала Калирихи, Скала Сотирос, Астрис и Кинира, додека Лименарија и Потос нудат поширок избор на капацитети за различни буџети.
Поевтини опции постојат и на Јонското Море, особено на островот Лефкада, каде места како Никијана, Лигија и Нидри се сметаат за подостапни во споредба со најпознатите туристички центри.
И покрај растот на цените во Грција, внимателниот избор на локација и сместување и понатаму овозможува организирање на економично летување, особено во помалите и помалку комерцијализирани туристички места.























