УТРО.мк

Остар пад на цената на суровата нафта

Остар пад на цената на суровата нафта
Vero

Цената на суровата нафта од типот „Брент“ денеска се движи во распон од околу 88 до 89 американски долари за барел, по остар пад од приближно 10 до 12 проценти на светските пазари.

Според податоците од берзите, нафтата моментално се тргува меѓу 88,89 и 89,05 долари за барел, откако претходно во периодот достигна ниво над 98 долари.

Падот на цената следува по информациите дека Ормуски теснец е прогласен за отворен за комерцијален сообраќај во услови на примирје, што ги намали стравувањата од евентуални прекини во снабдувањето со нафта.

Во текот на изминатата недела, пазарите беа под силно влијание на случувањата на Блискиот Исток, како и на сигналите за можни дипломатски преговори меѓу САД и Иран, што дополнително придонесе за зголемена нестабилност.

Аналитичарите наведуваат дека цените на нафтата остануваат чувствителни на геополитичките случувања и дека краткорочните движења ќе зависат од развојот на ситуацијата во регионот и од дипломатските иницијативи

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран