УТРО.мк

Папата Лав XIV му одговори на Трамп: „Не се плашам“ – тензии меѓу Ватикан и Вашингтон

Папата Лав XIV му одговори на Трамп: „Не се плашам“ – тензии меѓу Ватикан и Вашингтон
Vero

Нови тензии се појавија на релација Ватикан–САД, откако Папата Лав XIV јавно порача дека не се плаши од администрацијата на Доналд Трамп, по острите критики упатени кон него од американскиот лидер.


Конфликтот ескалираше откако папата во повеќе наврати ја критикуваше војната со Иран, како и одредени политики на САД, особено во однос на имиграцијата и воените интервенции. Тој јасно нагласи дека мисијата на Црквата е да промовира мир и дека „христијанската порака не смее да се злоупотребува за оправдување на војни“.


Како одговор, Трамп жестоко го нападна папата на социјалните мрежи, нарекувајќи го „слаб“ и „лош за надворешната политика“, обвинувајќи го дека се меша во политички прашања и дека ги критикува американските одлуки.


Во својата реакција, папата беше дециден дека нема намера да влегува во политички дебати, но истовремено порача дека нема да молчи пред неправдите. Тој истакна дека не е политичар, туку духовен лидер, чија должност е да зборува за мир, човечко достоинство и прекин на конфликтите.
„Некој мора да се спротивстави“, порача папата, додавајќи дека ќе продолжи да го крева гласот против војните и страдањата во светот.


Овој јавен судир меѓу Ватикан и Белата куќа се смета за редок и значаен дипломатски преседан, особено затоа што станува збор за прв американски папа, што дополнително ја зголемува политичката тежина на неговите ставови.


Аналитичарите предупредуваат дека ваквата реторика може да доведе до подлабоки поделби, не само во политиката, туку и меѓу верниците, особено во САД, каде ставовите за војната и надворешната политика се веќе силно поларизирани.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран