УТРО.мк

Маѓар: Без руската нафта, Унгарија не може да функционира

Маѓар: Без руската нафта, Унгарија не може да функционира
Vero

Иако новата политичка гарнитура во Унгарија најави промени, лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, призна дека земјата во овој момент не може реално да се откаже од снабдувањето со руска нафта преку нафтоводот „Дружба“.

Во изјава за Радио Кошут, тој нагласи дека енергетската зависност не е прашање на политичка волја, туку на инфраструктура и географија, поради што нагла промена на курсот би била речиси невозможна во краток рок.

Според него, сегашниот систем на снабдување е резултат на долгогодишна поставеност на енергетските рути, што ја прави Унгарија тесно поврзана со постојните канали за увоз на нафта. „Реалноста е таква што овие текови не можат едноставно да се прекинат преку ноќ“, порачал Маѓар.

Нафтоводот „Дружба“ останува главната артерија преку која руската нафта стигнува до делови од Централна Европа, вклучувајќи ја и Унгарија, што ја прави земјата чувствителна на секоја промена во транзитните односи.

Маѓар исто така изрази очекување дека Украина ќе продолжи со испораките на суровини во претстојниот период, согласно претходните договори. Сепак, тој посочи дека досега немал директна комуникација со украинскиот претседател Володимир Зеленски, бидејќи, како што наведе, премиерот Виктор Орбан сè уште формално ги води надворешнополитичките преговори до почетокот на мај.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран