УТРО.мк

Сандер Аитрем го одбележа својот олимписки дебит со злато и нов рекорд на 5.000 метри

Сандер Аитрем го одбележа својот олимписки дебит со злато и нов рекорд на 5.000 метри
Vero

Норвешкиот брзолизгач Сандер Аитрем ги остави сите без здив на својата прва Олимпијада, освојувајќи го златото во трката на 5.000 метри со време од 6:03,95 – нов олимписки рекорд! Аитерм, актуелен светски шампион, со ова го оправда статусот на апсолутен фаворит, но вистинскиот шок го приреди уште претходно – на 24 јануари во Инсел тој го постави светскиот рекорд со 5:58,52, прв пат во историјата на дисциплината ова време да биде под шест минути.

„Неверојатно е како започнува мојата олимписка кариера. Сè за што тренирав и сонував сега станува реалност,“ изјави Аитерм по трката, со поглед веќе свртен кон следните предизвици – 1.500 и 10.000 метри, каде ќе се обиде да ја потврди својата доминација и можеби да постави нови рекорди.

Меѓутоа, за норвешкиот спорт оваа Олимпијада не е само приказна за дебитанти. Јоханес Хесфлот Клебо, ветеран во нордиското трчање, продолжува да ја „жнее“ колекцијата со медали. Со освојувањето на златото во дисциплината 10+10 километри скијатлон, тој стигна до својот шести олимписки златен медал, со што вкупниот број на неговите олимписки медали се искачи на осум.

Норвешка, како по правило, продолжува да доминира на мразот и снегот, со млади ѕвезди како Аитерм кои носат нова енергија и ветерани како Клебо кои ги дефинираат стандардите на извонредност.

Eurosport.es on X: “UN ATAQUE DE KILLER. UN ORO PARA SER ETERNO. 🇳🇴 Johannes Høsflot Klæbo se proclama campeón olímpico de Skiatlón y se cuelga su sexta medalla de oro en unos Juegos. #MilanoCortina2026 https://t.co/1g199QFoP7” / X

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран