УТРО.мк

Македонија се искачи на 15. место на ЕХФ ранг-листата по Еуро 2026

Македонија се искачи на 15. место на ЕХФ ранг-листата по Еуро 2026
Vero

Македонската ракометна репрезентација продолжува да бележи видлив напредок на европската сцена. Најновото рангирање на Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја смести „црвено-жолтата“ селекција на 15. место, што претставува скок од четири позиции во однос на претходниот пресек.

Овој прогрес е резултат на импресивните настапи на ЕХФ Европското првенство 2026 во јануари, каде македонските ракометари оставија силен впечаток.

На врвот на ЕХФ ранг-листата и натаму се стабилни големите сили – Данска, Франција и Германија, додека во ТОП 10 доминираат и селекциите на Хрватска, Португалија, Шведска, Исланд, Унгарија, Норвешка и Словенија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран