УТРО.мк

Воведено континуирано собирање на кабаст отпад во Кисела Вода

Воведено континуирано собирање на кабаст отпад во Кисела Вода
Vero

Жителите на Општина Кисела Вода од сега ќе можат да се ослободат од стариот мебел, душеци и други големи предмети кога ќе им биде најпогодно, без чекање на специјални акции. Јавното комунално претпријатие „Кисела Вода 2022-Скопје“ започнува со редовно и континуирано собирање на пријавен кабаст отпад на целата територија на општината.

Досега, ваквите акции се спроведуваа неколку пати годишно во соработка со службите на Град Скопје. Сега, услугата станува достапна секогаш кога граѓаните ќе имаат потреба. Доволно е само да се пријават на телефонскиот број 070/288-897, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот. Цената за подигање на кабаст отпад изнесува 1.500 денари, а екипите на ЈКП ќе го подигнат отпадот во рок од 24 часа по пријавата. Предметите треба да се остават пред домот или зградата.

Собраниот кабаст отпад се транспортира до депонијата на ЈП „Дрисла“ и се одлага согласно еколошките стандарди. Во услугата се прифаќаат стар мебел, врати, прозорци, душеци и сличен домашен кабаст отпад, додека не се прифаќа градежен шут, електронски отпад, гуми и опасни материјали, како бои и хемикалии.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран