УТРО.мк

Кој стои зад питачењето во Скопје? МВР проверува сомнежи за организирана криминална група

Кој стои зад питачењето во Скопје? МВР проверува сомнежи за организирана криминална група
Vero

Министерството за внатрешни работи истражува дали питачењето на скопските улици е поврзано со организирана криминална група. Министерот Панче Тошковски најави дека доколку сомнежите се потврдат, ќе бидат поднесени кривични пријави против одговорните.

Во гостувањето во поткастот „На кавга со Иван“ на Канал 5, Тошковски посочи дека службите веќе преземаат мерки. За лицата што го загрозуваат сообраќајот се постапува според Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, додека евентуалното организирање на питачењето се проверува одделно, пренесува 4news.mk.

Според министерот, постојат основани сомнежи за дејствување на организирана група, но нејзиното постоење и улогата на инволвираните треба да се докажат.

Од 1 октомври се спроведува засилена координирана акција на МВР и Министерството за социјална политика, демографија и млади. Покрај утврдувањето евентуална одговорност, акцијата е насочена кон заштита на децата затекнати како питачат.

Според презентираните информации, малолетниците се носат на здравствени прегледи во Детската клиника Козле, по што центрите за социјална работа одлучуваат за нивното сместување.

За згрижување е обезбеден и дел од објектот „25 Мај“ во Општина Бутел, каде досега се сместени две деца. Надлежните тимови продолжуваат со секојдневни контроли на крстосниците во Скопје.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран