УТРО.мк

Прекин на вода во дел од Тетово поради интервенција на водоводната мрежа

Прекин на вода во дел од Тетово поради интервенција на водоводната мрежа
Vero

Поради изведување на бајпас на новата водоводна линија на улицата „Јордан Златановски“, привремено е прекинато снабдувањето со вода за пиење во еден дел од Тетово.

Од ЈКП „Шар“ информираат дека нивните екипи се на терен и работат со засилен интензитет со цел што побрзо да се надмине проблемот и да се воспостави нормално водоснабдување.

Надлежните апелираат до граѓаните за разбирање и трпение, додавајќи дека снабдувањето со вода ќе биде нормализирано веднаш по завршување на санацијата на водоводната линија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран