УТРО.мк

Коњановски: Градежните активности кај здравствениот дом влегуваат во завршна фаза (ВИДЕО)

Коњановски: Градежните активности кај здравствениот дом влегуваат во завршна фаза (ВИДЕО)
Vero

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати извинување до жителите на улиците во близина на здравствениот дом, нагласувајќи дека тековните градежни активности влегуваат во завршна фаза.

Тој посочи дека наместо оправдувања, има обврска да ги информира граѓаните за реалните причини за состојбата на терен.

„Политички памфлети со проблемите на граѓаните не ни се потребни. Тоа е за други. Јас имам обврска да ги кажам фактите“, истакна Коњановски.

Според него, реконструкцијата на улиците во овој дел од градот започнала во април минатата година, при што се работело на водоводната и мешовитата канализациона мрежа, финансирани од Министерството за транспорт. Реконструкцијата на коловозот и уличното осветлување, пак, се реализираат со средства од општинскиот буџет.

Коњановски појасни дека работите подолг период биле закочени поради тоа што локацијата се наоѓа во заштитено подрачје, односно старото градско јадро, што бара дополнителни одобренија од надлежните институции.

Со цел да се олесни движењето, на улиците Козара и околните сообраќајници бил поставен тампонски материјал.

„Конечно добивме зелено светло и градежните активности продолжуваат. Во скоро време ќе следи и асфалтирање“, најави градоначалникот на Битола.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран