УТРО.мк

Битола со нов јавен повик: средства за младински, социјални и безбедносни совети

Битола со нов јавен повик: средства за младински, социјални и безбедносни совети
Vero

Предмет на Јавниот повик е прибирање понуди за финансиска поддршка на програми и проекти на Советите на Општина Битола и тоа на Совет за превенција на детско престапништво, Совет за социјална заштита, Совет за превенција, ЛЕСС, Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Совет за женско претприемништво, Локален младински совет, Совет за заштита на потрошувачи и Волонтерски совет.

Проектите ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2026 година согласно Програмата за социјална заштита на Општина Битола за 2026 година.
Временската рамка за спроведување на проектите ќе биде уредена со договор помеѓу здружението/ Советот и Општина Битола најкасно до декември 2026 год.

Висината на финансиските средства ќе се одредува согласно предлог проектот во рамките на планираните средства во Програмата за остварување на социјалната заштита за 2026 год. во вкупен износ од 540.000 ден.

Документацијата се доставува во архива или по пошта на адреса: Општина Битола, Сектор за економски развој, јавни дејности и ИТ; Булевар „1-ви Мај“ бр.61; (со назнака – Пријава за јавен повик за социјална заштита) во рок од 10 работни дена од денот на објавување на овој повик заклучно со 30 април 2026.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран