Со света архиерејска литургија и свечена литија, денес во Битола беше одбележан Денот на Свети Нектариј Битолски, заштитник на градот. Верници од Битола се собраа во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“, каде што се одржа Светата Божествена Литургија во чест на преподобниот Нектариј, кој се упокоил на 5 декември 1500 година.
Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title

На литургијата присуствуваа градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, како и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, заедно со бројни верници.

По завршувањето на богослужбата, голем број присутни верници пристапија кон Светата Причест. Потоа, согласно долгогодишната традиција, низ повеќе битолски улици се одржа свечена литија, во која учествуваа бројни граѓани.
Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
По повод празникот, градоначалникот Тони Коњановски упати честитка до битолчани, посакувајќи Свети Нектариј Битолски постојано да биде нивен духовен заштитник и водилка.

„На сите сограѓани им го честитам Денот на Заштитникот на градот – Свети Нектариј Битолски. Неговата заштита нека биде постојано со нас. Секојдневието да го исполнуваме со љубов, меѓусебно почитување и добрина, вредности со кои ќе ја градиме иднината на Битола и на генерациите што доаѓаат“, порача градоначалникот Коњановски.
Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph
End Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph



























