
Скопје доби нов среќен добитник на голем лотариски џекпот. Играчот од главниот град освоил „Супер милионер“ добивка во износ од 7.472.901 денари на видеолотариски терминал, информираат од Видеолотарија Касинос Австрија.
Според официјалното соопштение, среќната добивка била реализирана на 9 април 2026 година на терминал поставен кај деловниот партнер „Спортлајф“ во Скопје, а добитната комбинација била постигната на популарната игра „40 Burning Hot“.
Од компанијата упатија честитки до среќниот добитник, истакнувајќи дека станува збор за една од највисоките и најпосакуваните награди достапни на нивните видеолотариски терминали.
Дополнително, од Видеолотарија посочуваат дека во периодот од 6 до 12 април 2026 година, на играчите низ Македонија им биле исплатени вкупно 14.983.135 денари во форма на џекпот добивки. Во оваа сума влегува еден „Супер милионер“ џекпот, четири „Милионер“ добивки во вкупна вредност од 5.784.445 денари, како и „Мини“ џекпот исплати во износ од 1.725.789 денари.























