УТРО.мк

Под седиштето криел седум змии и гуштер, цариниците ги откриле на „Богородица“

Под седиштето криел седум змии и гуштер, цариниците ги откриле на „Богородица“
Vero

Седум млади змии и еден гуштер биле откриени под седиштето на возило при контрола на граничниот премин „Богородица“. Животните биле спакувани во кутии и марами, а возилото го управувал косовски државјанин.

Царинските службеници ја спровеле контролата во соработка со полицијата. Според Царинската управа, станувало збор за обид за нелегално внесување на влекачите во државата.

Меѓу запленетите животни имало повеќе видови питони и змија за која Управата наведува дека е отровна. Од Царината посочуваат дека најголем дел од откриените влекачи се заштитени видови.

Животните ќе бидат предадени на надлежните институции.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран