УТРО.мк

Со Ирина Атанаскова: За уметноста да се биде мајка и уметник и за пријателот што го спасува денот

Со Ирина Атанаскова: За уметноста да се биде мајка и уметник и за пријателот што го спасува денот
Vero

Креативноста не е нешто што може да чека на „кога се ослободат рацете“. За Ирина Атанаскова, позната на социјалните мрежи и во уметничките кругови како тату-артистот Ina Nameless, таа е основна потреба, неопходен механизам за преживување како утринско кафе или здив меѓу обврските во динамичниот семеен живот. Како мајка на две деца, во свет каде рутината често се смета за светиот грал на родителството, Ирина избира да го прифати хаосот, го бои со оптимизам и наоѓа „мали џебови на време“ за да создаде магија како мајка и како уметник.

„Моите денови никогаш немаат рутина“, вели Ирина. Денот најчесто го диктира најмалиот член на семејството – бебето, а веднаш потоа и кафето. Ако има градинка, обврските се редат во движење, ако не, Ирина го прави истото што би го правела и без децата.

„Правиме појадок, средуваме, вежбаме, креираме. Пробувам да направам нешто во малите џебови на времето, да направам дизајн за тетоважа или да насликам нешто, зависи какво е расположението“, раскажува таа. Во денови кога обврските се премногу, нешто мора да се скрати, а најчесто тоа е подготовката за ручек. „Тогаш само го повикувам мојот ‘пријател’ – Wolt. Многу ме спасува кога има многу работи што треба да се завршат“, додава Ирина.

Времето за тетовирање вообичаено е навечер кога има помош со децата затоа што „тоа е единствената работа што навистина не можам да ја правам со нив“. Во оваа густина на обврски, Ирина се трансформира од мајка во артист во моментите кога бебето заспива или кога постарото дете се губи во игра. За неа, концептот „одмор е само ако сум сама“ не функционира. Таа верува дека уште поважно од изолираното време за себе е да се научиме да бидеме присутни и да не се обидуваме да го контролираме секој момент.

„Додека чекаме децата да легнат или да отидат во градинка за да го најдеме времето за себе, времето ни проаѓа низ прсти. Суштинското е да се опуштиме во една хаотична фаза во животот каде што не сме во контрола, но можеме да бидеме наратори на тоа како ќе се одвиваат деновите“, објаснува Ирина.

Нејзиното студио не е само работно место, туку простор за медитација. Таму, како што раскажува, секогаш има добра енергија и музика што го држи ритамот да се посвети на дизајните и тетоважите. Тука времето добива друга димензија. Музиката, подготовката на дизајните и самиот чин на тетовирање се нејзиниот начин да се поврзе со себе. Кога термините се надоврзуваат еден на друг, испораката на храна повторно влегува во игра, затоа што за неа апликацијата не е луксуз, туку алатка за паметно родителство и професионален успех. Нејзината врска со платформата за испорака започнала кога се вратила од Лондон, а фактот што сервисот функционира беспрекорно во Скопје, за неа било пријатно изненадување.

„Апликацијата секогаш ме спасува со храна кога најмногу ми треба. Брзо се vibe-навме со платформата затоа што навистина не сум fan на јавување на телефон. Како што спомнав, времето е мојот главен ресурс и навистина го ценам. Некогаш е убаво да готвам и да поминам ‘slow’ ден со најблиските. Но, ако пазарењето и готвењето се обврски кои ми крадат од сонот или од времето за игра со постарото дете, тогаш секогаш нарачувам храна“, објаснува таа.

Нејзините избори на апликацијата го отсликуваат нејзиниот стремеж кон баланс. Најчесто избира здрави оброци полни со витамини од места како Vega или Healthysh, додека за децата, тука се омилените пасти и пици од Yes Pasta или Mama Italiana. Тоа е слободата што модерната технологија ѝ ја нуди на една мајка: избор да не мора да биде „суперхерој во кујната“ секој ден, и наместо да жонглира да биде суперхерој во другите аспекти од животот.

„Кога зборувам за мајчинството и професионалниот ангажман можеби очекувате да кажам не си ставајте притисок, дајте си време. Ама искрено мајка – можеш сѐ и повеќе од тоа. Можеби некоја вечер ќе си ненаспана. Наместо наредниот ден да се сожалуваш за лошата вечер пробај пак наредниот ден. Не се откажувај од твоите соништа затоа што имаш други луѓе кои зависат од тебе“, вели Ирина и не ги крие своите сојузници кои и помагаат да го спои во едно креативниот процес, мајчинството и хаосот на секојдневното живеење.

За тату артистката балансот значи „наоѓање мир во несовршеното“, чисто место да седне на подот со истурени играчки, да се гушка и смее со децата: „Ние не можеме да контролираме се што се случува, но можеме да контролираме како реагираме. Дефинитивно мојот распоред се има многу сменето откако станав родител. Порано знаев да работам долги сесии и по многу часови на ден. Но сега, иако работните часови ми се скратени, работам повеќе. Научив и времето да си го ценам повеќе “, вели Ирина.

И кога ќе ја прашате што ја води напред, Ирина се повикува на еден цитат од Франц Кафка, кој стои како потсетник на нејзината фотографија, сумирајќи ја целата нејзина животна филозофија: „Мора да бидете во делузија. Франц Кафка еднаш рекол: Со тоа што страсно веруваме во нешто што сè уште не постои, ние го создаваме.“

Ирина токму тоа го прави, страсно верува во убавината на хаосот, создавајќи своја уникатна реалност, еден цртеж и една нарачка за оброк во исто време.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран