УТРО.мк

Денес е втор ден Велигден или Светол понеделник: Бидете весели за цела година да ви биде успешна

Денес е втор ден Велигден или Светол понеделник: Бидете весели за цела година да ви биде успешна
Vero

Православните верници денес го слават вториот ден од најголемиот христијански празник Велигден, познат и како Светол понеделник.

Воскресението Христово вчера на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква.

Христовото Воскресение Велигден се смета за најголем христијански празник, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток кога, пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите црвени Велигденски јајца.

Со денешниот Светол понеделник започнува светлата недела. Со оглед на тоа дека Велигденското славење трае три дена, на утрешен ден се продолжува обилната гозба на која се честат гости, роднини, соседи, пријатели, кумови…

Кај Христијаните денешниот празник е познат и како Светол понеделник и за овој ден важно е да запомните дека денот треба да биде исполнет со веселба. Затоа дружете се, веселете се и целата година ќе ви биде успешна.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран