УТРО.мк

53-годишна жена од Штип забремени по 23 години борба и 7 неуспешни ин витро обиди

53-годишна жена од Штип забремени по 23 години борба и 7 неуспешни ин витро обиди
Vero

По повеќе од две децении неизвесност, бројни обиди и седум неуспешни ин витро процедури во други здравствени установи, една 53-годишна жена конечно ја доби веста што ја чекала целиот свој живот, бременост.

Резултатот е постигнат во приватната болница „Д-р Органџиски“ во Штип, каде медицинскиот тим бележи уште еден случај кој излегува од рамките на вообичаената клиничка пракса и влегува во категоријата на исклучително ретки, но значајни успеси во репродуктивната медицина.

Пред да започне процесот на ин витро оплодување, кај пациентката е спроведена детална и внимателна медицинска подготовка. Лекарите извршиле лапароскопска и хистероскопска проценка, со цел да се анализира состојбата во најмали детали и да се создадат што е можно подобри услови за имплантација.

Од тимот што ја водел постапката посочуваат дека токму индивидуалниот пристап бил клучен фактор. Во случаи со долготрајна историја на неплодност и претходни неуспешни третмани, велат тие, не постои универзално решение, секој пациент бара посебна стратегија, прецизна проценка и прилагодена терапија.

Овој успех, како што нагласуваат од болницата, не се сведува само на медицински резултат. За нив, тој претставува и силна порака за упорноста на пациентите и континуираниот напредок на современата репродуктивна медицина, која сè повеќе се потпира на персонализирани пристапи и напредни дијагностички процедури.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран