Битолскиот оркестар „Дива“ вечерва, 15 декември, ќе одржи два новогодишни концерти во Центарот за култура во Битола – првиот со почеток во 19 часот, а вториот во 21 часот.
Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
Концертите се дел од традиционалниот настан „Виена во Битола“, кој со години претставува еден од најпрепознатливите музички белези на градот и значаен дел од неговиот културен идентитет. По неколкугодишна пауза, овој новогодишен концерт повторно е вратен на сцената благодарение на Битолскиот камерен оркестар „Дива“.
Настанот доаѓа по големиот успех на концертот „Цветна симфонија“ во Скопје, кој на 30 ноември ја исполни салата на Филхармонијата.
Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
Покрај Битолски оркестар „Дива“ и Камерниот оркестар на Битола, на сцената ќе настапат и Марија Наумовска-Бакрески, Јелена Јовановиќ од Србија, Тамара Ангеловска, како и првенци и солисти од Националната опера и балет, заедно со мешаниот хор при КУД „Стив Наумов“.
Публиката ќе има можност да ужива во најпознатите виенски валцери и полки, изведени од врвни уметници од Македонија и регионот. Со оркестрите ќе диригира маестро Владимир Димовски, чие долгогодишно искуство, визија и посветеност го вратија новогодишниот концерт на заслуженото место меѓу највредните културни традиции на Битола.
Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph
End Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph



























