УТРО.мк

Становите во Скопје забележуваат умерен раст од 16,7% во првиот квартал

Становите во Скопје забележуваат умерен раст од 16,7% во првиот квартал
Vero

Скопскиот пазар на недвижности стартуваше годинава со забележителен раст на цените на становите, но темпото на поскапување благо се забави. Во првиот квартал, индексот на Народната банка покажува дека становите поскапеле за 16,7% на годишно ниво, додека квартално зголемувањето изнесува само 0,1%. За споредба, минатата година цените бележеа постојан раст, со 19,5% во првиот квартал, 19,9% во вториот, а потоа скок до 25% во третиот и четвртиот квартал.

Според последниот извештај на Агенцијата за катастар на недвижности, за 2026 година се очекува пазарот да остане стабилен со умерен раст, зголемен интерес за инвестиции и продолжување на растот на закупите.

Становите и понатаму доминираат на пазарот: минатата година тие сочинуваа 33% од сите купопродажби и 48% од вкупната пазарна вредност. И покрај намалувањето на бројот на продадени станови за 3,9%, нивната вкупна вредност пораснала за 10,8%, што укажува на поскапување и повисок квалитет на понудата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран