УТРО.мк

Три вакви прекршоци – Одземена возачка дозвола

Три вакви прекршоци – Одземена возачка дозвола
Vero

Собранието ги изгласа законските измени со кои целосно треба да профункционира системот „Безбеден град“, преку усвојување измени во Законите за возила, за полиција, за извршување санкции и за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во собраниска процедура, во второ читање, остануваат измените во Законот за прекршоци, а најавени се и усогласувања во Кривичниот законик.

Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title

End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title

Новите законски решенија детално ја уредуваат постапката од евидентирање на сообраќајниот прекршок до изрекување на најстрогите санкции. Клучна новина е одредбата според која возач што трипати во рок од четири години ќе добие правосилна забрана за управување со возило од иста категорија, ќе остане без возачка дозвола. Судот ќе ја одземе дозволата, а лицето нема да смее повторно да полага возачки испит најмалку една година.

По одлуката на судот, МВР ќе биде известено, а возачот ќе добие СМС-порака или имејл дека дозволата му престанува да важи во рок од осум дена. Забраната за управување може да трае од еден месец до една година, а податоците за изречените мерки ќе им бидат достапни и на граничните служби. Кај странските државјани со странска дозвола, забраната ќе важи за територијата на државата, за што ќе биде известена и граничната полиција.

Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph

End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph

Системот „Безбеден град“ предвидува и електронско известување за прекршоците. Сторителите ќе добиваат СМС и имејл со записник и фотографија од прекршокот, ќе имаат право на жалба пред суд, а доколку глобата ја платат во рок од осум дена, ќе платат половина од износот.

Со измените во Законот за возила се воведува обврска сопствениците на возила, при промена на телефонски број или имејл, во рок од три дена да ги ажурираат податоците во станицата за технички преглед. Непочитувањето на оваа обврска ќе се казнува со глоба од 100 евра, а санкции се предвидени и за правните лица.

Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph

End Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph

Во Законот за безбедност на сообраќајот се воведува толеранција при мерењето на брзината, при што од измерената вредност задолжително ќе се одзема маргината на грешка на уредот. Се забранува управување возило под дејство на опојни дроги и психотропни супстанции, а се воведуваат и нови обврски за автошколите и стручните кадри, кои ќе мора да полагаат испит пред комисија во МВР.

Дополнително, се прецизираат зоните со смирен сообраќај, со воведување „зона училиште“ и „зона 30“.

Ezoic - wp_mid_content - mid_content

End Ezoic - wp_mid_content - mid_content

Предложените измени во Кривичниот законик предвидуваат задолжителна забрана за управување возило за тешки сообраќајни кривични дела, во траење од шест месеци до десет години. Судот ќе може да го одземе и возилото доколку сторителот управувал со екстремно пречекорување на брзината и ако претходно бил осуден за кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај.

Казни со затвор од три месеци до три години и парична казна се предвидени за возење со над 1,5 промили алкохол, под дејство на дроги, возење во спротивна насока, опасно претекнување, значително пречекорување на брзината, како и за организирање или учество во недозволени трки и управување возило без положен испит или без важечка возачка дозвола.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран