
Автомобил „Фиат Темпра“, одземен во текот на ноќта од пред семејна куќа во селото Жилче, бил пронајден од полицијата следното утро во Тетово.
Сопственикот З.С. (58) ја пријавил кражбата на 9 октомври во 6:50 часот. Според пријавата, возилото имало тетовски регистарски ознаки, а клучевите биле оставени во бравата.
По преземените мерки, полициски службеници во 10:05 часот го пронашле автомобилот паркиран на улицата „Мирче Ацев“ во Тетово.
По извршениот увид, возилото му било вратено на сопственикот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.























