
На 14.04.2026 во 13:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ќ.Б. (26) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата 59-годишна мајка.
При интервенцијата, полицијата во домот пронашла и одзела една тегла со марихуана.























