УТРО.мк

Грција ја оживува „Солунската агенда“: ЕУ интеграцијата клуч за мир и стабилност на Балканот

Грција ја оживува „Солунската агенда“: ЕУ интеграцијата клуч за мир и стабилност на Балканот
Vero

Грција ја реафирмира својата поддршка за европската перспектива на Западен Балкан, оценувајќи дека проширувањето на Европската Унија е суштински предуслов за долгорочна стабилност и мир во регионот.

Грчкиот министер за национална одбрана Никос Дендиас во обраќање пред припадниците на грчкиот контингент во рамки на КФОР во Косово истакна дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ претставува стратегиски приоритет.

Тој нагласи дека таканаречената „Солунска агенда“, која предвидува членство на земјите од регионот во Европската Унија, останува долгорочна и конзистентна политика на Грција, поддржана независно од политичките промени и влади.

„Сметаме дека за стабилноста и мирот на Балканот апсолутно неопходен предуслов е влезот на државите од Западен Балкан во Европската Унија“, порача Дендиас, додавајќи дека оваа цел останува постојана дипломатска ориентација на Атина.

Тој истакна и дека присуството на грчките војници во меѓународните мисии, како КФОР, директно придонесува за безбедноста и стабилноста во регионот.

Според него, без реална безбедност и мир на терен, „Солунската агенда“ не може да ја исполни својата суштина и значење.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран